Њукасл го плати 85 милиони евра, а Англичаните го прогласија за најголемо трансфер промашување во историјата на ПЛ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Трансферот на Ник Волтемаде во Њукасл за 85 милиони евра повторно е под жесток удар на критики во Англија. Дел од јавноста уште од старт го сметаше потегот за ризичен, а сега и медиумите отворено го нарекуваат промашување.

„TALKsport“ не беше воопшто благ и го нарече Волтемаде најголемо промашување во историјата на Премиер лигата.

Ник Волтемаде е најлошиот трансфер во историјата на Премиер лигата. Ова не е ништо лично против него, слушаме дека е одличен соиграч. Но, 85 милиони евра за таков играч… мора да бараме многу подлабоко“.

Во продолжение беше посочен и неговиот настап против Карабах во Лигата на шампионите:

Против Карабах пред некоја вечер кога дуелот практично веќе беше решен, играчите имаа можност да блеснат, а нивниот скап напаѓач, кому му се потребни голови, почнуваше во средниот ред. Можеби затоа што Еди Хау нема доверба во него како класична „деветка“. Не одигра добро на таа позиција. И самиот Хау кажа дека не бил добар како централен играч за врска и дека тоа бил натпреварот во кој имал најмалку влијание откако пристигнал во клубот“.

Волтемаде од доаѓањето од Бундеслигата има 41 настап во сите натпреварувања со 10 голови и четири асистенции. Во Премиер лигата на 24 натпревари постигна седум голови и запиша две асистенции, бројки кои очигледно не ги убедуваат критичарите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×