Њукасл го декласира Манчестер Јунајтед и го победи со 4-1 (1-1) во дербито на 32. коло на Премиер лигата. Како што беше најавено, тренерот Рубен Аморим го остави надвор од тимот голманот Андре Онана.
Домаќинот на „Сент Џејмс Парк“ поведе со голот на Сандро Тонали во 24. минута. Следуваше израмнување за „црвените ѓаволи“ преку Алехандро Гарначо пред полувремето. Сепак, во вториот дел гостите целосно се распаднаа.
Со два гола на Харви Барнс со 49. и 64. минута Њукасл стекна капитална предност. Потоа точка на победата стави Бруно Гимараеш во 77. минута за конечните 4-0.
Со овој триумф Њукасл скокна на четвртото место на табелата со 56 бода, а Манчестер Јунајтед е четринаесетти со 38.