Њукасл ќе го засили нападот со Јоан Виса, клубот од „Сент Џејмс Парк“ на маса стави дури 55 милиони фунти, па Брентфорд конечно даде зелено светло за продажба.
Њукасл со недели одолеваше на притисокот од Ливерпул, но на 24 часа пред крајот на преодниот рок мораше да крене бело знаменце и да даде зелено светло за трансфер на Александер Исак вреден 130 милиони фунти – нов рекорд на „островото“.
Па со вишок пари за трошење, клубот од „Сент Џејмс Парк“ понуди 55 милиони фунти за ангажман на Јоан Виса, па Бренфорд конечно даде зелено светло за продажба.
Претходно ова лето, Њукасл имаше два неуспешени обиди со понуди од 35 и 40 милиони фунти, но последниот предлог од 55 милиони фунти практично не можеше да биде одбиен.
ФОТО: X/Brentford FC