Њукасл без главниот тренер против Манчестер јунајтед – Еди Хау завршил во болница!

by Стефан
1 минути читање

Првиот тренер на Њукасл, Еди Хау денеска бил пренесен во болница и ќе го пропушти утрешниот натпревар кој неговата екипа ќе го игра против Манчестер јунајтед на свој терен.

Информацијата ја потврди и Њукасл преку своите социјални мрежи, но не откри повеќе информации.

„Медицинскиот персонал го задржи Еди во болницата во рекот на ноќта на дополнителни тестови кои се во тек. Тој е свесен и разговара со своето семејство“, објави Њукасл.

Тимот против Манчестер јунајтед ќе го предводат неговите помошници Џејсон Тиндал и Грем Џонсон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани