181
Англискиот
премиерлигаш Ливерпул веќе го договори членот на младата репрезентација на „Гордиот
Албион“, Дониминк Соланке кој одби продолжување на соработката со Челси и ги
засили редовите на тимот на Јирген Клоп.
Според најновите
информации од Островот, Ливерпул тргнува во поход кон десното офанзивно крило
на италијанскиот вицешампион Рома, интернационалецот од Египет, 24 годишниот
Мохамед Салах.
Салах подолг
период се поврзува со трансфер во Ливерпул, но досега негираше дека
постои опција за такво нешто.
Информацијата за
наводниот трансфер на Салах во тимот од „Енфилд Роуд“ ја пренесува новинар кој
е премногу близок до фудбалерот кој има договор со Рома до 2019. година.