Новото засилување за Интер пристига од Реал Мадрид

by
1 минути читање

Според
информациите кои пристигаат, се вели дека раководството на годинешниот
шампионот на Шпанија, Реал Мадрид донело одлука да го продаде бразилскиот
дефанзивец Данило.

Десниот бек
пристигна во тимот од Мадрид пред две сезони, но не се вклопи целосно во
екипата, па најтрофејниот шпански клуб планира да се ослободи од него
претстојниот летен трансфер период.

Се шпекулира дека
веќе е постигнат договор со Интер околу Данило, тој во Милано пристига за сума
од 30 милиони евра. Како за потсетување, Реал Мадрид за услугите на десниот бек
на Порто му исплати 31,5 милиони евра.

Бразилецот ќе
премине во редовите на Интер по финалниот меч од Лигата на шампионите, на 3. јуни
во Кардиф.

Данило сезонава
одигра 17 натпревари, притоа постигна 1 гол за „Кралскиот клуб“ во Примера.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани