Новото засилување на Милан нема да игра против Македонија

by
1 минути читање

Милан денеска го комплетираше трансферот на Андре Силва од Порто вреден 38 милиони евра.

Португалскиот напаѓач беше дел од неколку квалификациски натпревари на репрезентацијата до 21 години и помогна таа да се пласира на Европското првенство во Полска, но тој нема да биде таму.

Причината е едноставна, Андре Коста и е потребен на сениорската репрезентација на Португалија која во истиот термин настапува на Купот на Конфедерации во Русија.

Андре Силва од минатата година е прекомандуван во А селекцијата на Португалија каде е прв напаѓач, но доколку не беше Купот на Конфедерациите тој ќе беше дел од Европското првенство до 21 година.

Ова е добра вест за Македонија бидејќи Португалија ќе биде еден од нашите противници на континенталниот турнир во Полска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани