Новото засилување на Рома требал да биде тенисер, но се заљубил во фудбалот поради магиите на Иниеста

by bojan
1 минути читање

„Волчицата“ синоќа го потврди трансферот на Неил Ел Ајнауи од Ленс, фудбалерот од Мароко не станал тенисер како неговиот татко откако се заљубил во магиите на Андрес Иниеста од Барселона.

Рома го соопшти првото засилување ова лето, на „Олимпико“ пристигна Неил Ел Ајнаоуи од Ленс.

Неговиот татко е поранешен тенисер, во 2003 стигнал дури и до 14. место на АТП листата, но Неил Ел Ајнауи решил да стане фудбалер откако се заљубил во магиите на Андрес Иниеста.

„Никогаш не ме терал да правам нешто. Одлуката беше природна, ја донесов како дете, ме интересираше само фудбалот – и ништо друго“ – вели Ел Ајнауи.

„Татко ми не остави мене и моите браќа да одбереме што сакаме, и јас нормално го одбрав фудбалот. Но не го заборавив тенисот, често играм со татко ми“.

Тој во Рома го одбра дресот со број 8: „Пораснав како навивач на Барселона, и отсекогаш сум бил голем фан на Андрес Иниеста. Секогаш сонував да го носам неговиот број“.

Запрашан да се опише себеси, Ел Ајнауи вели: „Јас сум модерен играч од средниот ред со стамина, способност да игра во двете фази на играта, кој го покрива целиот терен со интензитет“.

ФОТО: X/AS Roma English

Можно е и ова да ти се допаѓа

×