Новото правило вчера првпат беше применето во Првата лига (ВИДЕО)

by riste
0 минути читање

Од оваа сезона ФИФА воведе ново правило кое го ограничува држењето на топката во раце од страна на голманите.

Според правилото, ако голманот ја држи топката во раце повеќе од осум секунди, судијата треба да досуди корнер за противничкиот тим.

Правилото во својата примена првпат го видовме вчера на мечот меѓу Вардар и Брера кој заврши 2-2.

Голманот на струмичкиот тим, Славе Вргов предолго ја држеше топката во раце со обид да украде малку време. Судијата Фуркан Идризи го примени правилото и досуди корнер за Вардар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×