Ново шоу на Меси на Копа Америка, Аргентина убедлива против Еквадор за пласман во полуфинале (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Меси сонува за трофеј со националниот тим и според игрите кои Аргентина и тој ги покажуваат на Копа Америка, тоа може да се случи овој пат. До крајот имаат уште две пречки.

Ноќеска со 3-0 го совладаа Еквадор и се пласираа во полуфиналето.

Резултатот го отвори Де Пол во 40. минута кој ја смести топката во мрежата по додавање од Меси.

Во 84. минута Меси му асистираше и на Лаутаро Мартинез за 2-0. А во 93. минута од слободен удар тој се запиша и во листата на стрелците за конечни 3-0.

Аргентина во полуфиналето ќе игра против Колумбија која на пенали го исфрли Уругвај. Во регуларниот дел немаше голови.

Во пенал серијата Колумбија беше перфектна, Уругвај двапати промаши.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани