Комо одигра моќен натпревар и со убедливи 0-3 го совлада Лацио во рамките на 21. коло од Серија А, потврдувајќи ја одличната форма оваа сезона.
Гостите го отворија резултатот уште на самиот старт, кога Мартин Батурина погоди во втората минута и најави дека римјаните ги очекува тешка вечер. Контролата на натпреварот продолжи во корист на Комо, а предноста беше зголемена со погодокот на Нико Паз, кој донесе сигурни 0-2.
Аргентинецот можеше уште пред паузата да го реши прашањето околу победникот, но не беше прецизен од белата точка во 35. минута. Сепак, пропуштената можност не остави последици, бидејќи Паз во раната фаза од второто полувреме повторно се запиша во листата на стрелци и го постави конечниот резултат.
Со оваа победа Комо се искачи на шестото место на табелата со 37 освоени бодови, додека Лацио по новиот неуспех остана на деветтата позиција со 28.