Ново разочарување за навивачите на Манчестер јунајтед, Шешко одбрал трансфер во Њукасл

by bojan
1 минути читање
Шешко e пред трансфер во Манчестер јуанајтед

„Ѓаволите“ ќе изгубат уште една трансфер битка во потрагата за нов напаѓач, последните информации велат дека Бенџамин Шешко одбрал преселба во Њукасл.

Рубен Аморим сака ангажман на нов напаѓач и на листата со желби имаше неколку имиња, но Манчестер јунајтед цело лето гледа како ривалите им ги матат плановите.

Челси потпиша со Лиам Делап, Ливерпул го купи Уго Екитике а Арсенал се засили со Виктор Ѓокереш.

Бенџамин Шешко е новото име на радарот на „ѓаволите“, но последните информации говорат дека клубот од Олд Трафорд ќе ја изгуби и оваа битка.

Како што пренесува новинарот Саша Таволиери, Њукасл значително го зголемил финансискиот предлог кога се во прашање личните услови на Бенџамин Шешко, па добил зелено светло од напаѓачот да продолжи со преговори со РБ Лајпциг.

И словенечкиот весник Дело објави дека Бенџамин Шешко го одбрал Њукасл како следна дестинација, и сега се чека двата клуба да пронајдат заеднички јазик за висината на трансферот.

ФОТО: X/RB Leipzig English

Можно е и ова да ти се допаѓа

×