Ново разочарување за ,,милионерите”: Пораз на гости кај Лајпциг (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Борусија Дортмунд им приредија ново разочарување на фановите и вечерва беа поразени од Лајпциг со 2-0.

За Борусија која игра една од полошите сезони во последните години ова е веќе 11 пораз во сезоната и втор во низа, но четврти на последните шест натпревари.

Победата за Лајпциг денеска ја обезбедија Чави Симонс и Опенда со головите во 18-тата и 48-та минута.

„Милионерите“ на табелата се наоѓаат на 11-тата позиција, додека Лајпциг е 5-ти и води битка со Фрајбург, Ајнтрахт и Мајнц за местата кои водат во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани