Ново разочарување за Манчестер јунајтед, Ибра од пенал во 94. спаси бод (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Манчестер
јунајтед никако да блесне пред своите фанови, „Карамелите“ беа на добар пат да
слават на Олд Трафорд, но потклекнаа во завршницата.

Јагиелка го отвори резултатот во 22. минута. Дефанзивецот на гостите ги фати
„на спиење“ Рохо и Де Геа и ја затресе мрежата на „Црвените Ѓаволи“ по еден
корнер.

Домаќините силно
притискаа во вториот дел, Погба ја погоди пречката а Златан Ибрахимовиќ
постигна гол кој неоправдано беше поништен поради офсајд.

Упорноста вроди
со плод дури во завршните мигови, Ибра од пенал изедначи на 1-1.



Шампионот на
Англија игра во одлична форма по отказот на Раниери, вечерва на Кинг Пауер
Стадионот беше совладан Сандерленд со 2-0.

Силмани и Варди
погодија во вториот дел за пет од пет на Лестер во Премиерлигата под водство на
Крег Шекспиер.

Барнли со 1-0
славеше над Стоук а Ватфорд со 2-0 победи во дуелот со ВБА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани