141
„Газета дело Спорт“ и „Кориере дело Спорт“ пишуваат дека Антонио Конте наскоро ќе стане нов тренер на Милан.
Конте во моментов е без работа откако доби отказ од Челси и е слободен тренер кој бара следен ангажман.
Откако Американците го преземаа Милан во клубот се случуваат големи промени во раководството. Пристигна Леонардо кој ќе биде генерален менаџер, а се очекува наскоро да пристигнат и Иван Газидс и Умберто Гандини.
Масимо Мирабели и Марко Фасоне веќе го напуштија клубот, а наскоро се очекува слична судбина да го знајде и Џенаро Гатузо.
Новото раководство на Милан има нови планови, а во нив тренер е Антонио Конте.