Ново правило во Премиерлигата, меѓусебните пресметки ќе имаат приоритетно значење во рангирањето

by
1 минути читање

Екипите кои ќе
имаат ист број на бодови во идната сезона од Премиерлигата, ќе бидат одвоени во
однос на меѓусебните пресметки таа сезона, тоа е приоритетното решение кое се
донесе на сметка на гол разликата, како што беше досега.

Во претходните
сезони, екипите кои беа дел од такви специфични ситуации и завршуваа со ист број
бодови, гол разлика и број на постигнати погодоци, требаше да играат „мајсторка“,
но, од идната сезона до таков натпревар тешко би дошло со новото правило.

Во сезоната
2019/20, екипите кои ќе соберат најмногу бодови во меѓусебните дуели ќе има
финално значење во однос на поставеноста на табелата, а како алтернативни опции
се гол разликата и бројот на постигнатите погодоци, доколку и во тој случај
клубовите не можат да бидат одвоени, ќе се користи правилото за повеќе голови
на гости во меѓусебните пресметки.

Само доколку сите
нивоа се идентични помеѓу одредени клубови, што е речиси невозможно, во тој
случај би се закажала „мајсторка“ на неутрален терен и термин утврден од
Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×