Ново лошо издание на Шкендија во Европа, пораз од 2-0 на гостувањето кај Рига (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Шкендија можеби
домонира во Првата лига, но шампионот на Македонија мака мачи во Европа. По
дебаклот од 6-0 во двомечот со Мура во квалификациите за Лигата на шампиони, „црвено-црните“
од Тетово вечерва загубија со 2-0 на гостувањето во Летонија против Рига, во
првиот меч од 2. коло во квалификациите за Конференциска лига.

Резултатот беше отворен
во 13. минута, Веслеј најдобро се снајде по еден корнер и ја затресе мрежата на
Шкендија за 1-0.

Конечните 2-0 беа
поставени во 52. минута од мечот , Рамадани загуби топка во опасната зона а
домаќините казнија преку Вакулко.

Реваншот се игра
за седум дена во Скопје, Шкендија ќе мора да поправи многу работи доколку сака
да избегне елиминација. Особено загрижува неефикасноста, „црвено-црните“ немаат
постигнато гол 270 минути.

ФОТО: Zigismunds Zālmanis, Riga FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×