66
Eкипата на Тиквеш денеска потврди ново засилување во своите редови и тоа репрезентативец на Гвинеја.
Станува збор за Фоде Камара кој пристигнува да го засили средниот ред и позицијата последен играч за врска.
За 23-годишниот Камара ангажманот во Тиквеш ќе биде прво европско искуство претходно беше дел од Хороја од Камерун, Сфаиксен од Тунис и алжирскиот Мостаганем каде што го имаше последниот ангажман пред доаѓањето во Кавадарци.
Во Тиквеш пристигнува како слободен фудбалер без отштета.