Новите газди на Милан покажуваат амбиција, сакаат да го купат Игуаин

by
1 минути читање

Информациите велат дека претставници на Милан стапиле во контакт со Игуаин и му понудиле четиригодишен договор со плата од 4,5 милиони евра по сезона.

По доаѓањето на Кристијано Роналдо, Јувентус планира да го продаде Игуаин но не по секоја цена.

Покрај Милан, интерес за Аргентинецот има и од Челси каде што тренер е Маурицио Сари, човекот што работеше со Игуаин во Наполи.

Како и да е, во последните 24 часа Милан прави сериозен обид за да дојде до Игуаин но проблем веројатно ќе претставуваат парите и во преговорите со фудбалерот и во преговорите со Јувентус.

Сегашната плата на Игуаин е 7 милиони евра што е значително повисока сума од тоа што му го нуди Милан. А Јувентус за негово заминување бара 60 милиони евра.

Милан има голема желба да го купи Игуаин, но дали раководството ќе најде решение како да го направи тоа останува да видиме.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×