181
Германскиот стратег, Дани Рохл, со убедлив пораз од 3-0 на гостувањето кај Бран ја стартуваше работата како тренер на Ренџерс, Миовски почна од клупата.
Новиот стратег во својот прв меч одлучи да не стартува со Миовски, македонскиот напаѓач во игра влезе во 64. минута кога Ренџерс веќе губеше со 2-0.
Шкотскиот тим се надеваше на инстант реакција на фудбалерите по смената на тренерот, но тоа не се случи.
Во останатите позначајни натпревари од Лига Европа, Црвена звезда со 0-2 загуби на гостувањето кај Брага, Болоња со 2-1 ја совлада Стеауа во Романија, Астон Вила со 1-2 загуби кај Гоу Ахед Иглс, Лион со 2-0 славеше над Базел…