Новиот тренер на Џенова сака да се искупи за сагата на Пандев во Лацио: Тогаш имав наредба да не го играм, сега е друга приказна…

by
2 минути читање

По серијата лоши
резултати, Џенова реши да му врачи отказ на тренерот Иван Јуриќ и на негово
место го именуваше Давиде Балардини.

53 годишниот
стратег денеска беше презентиран пред медиумите, и најави дека ќе се обиде да се
искупи за направдата која му беше нанесена на Горан Пандев во 2009.

Имено, Давиде
Балардини беше тренерот на Лацио кога Македонецот имаше недоразбирања со Клаудио
Лотито. Популарниот Гоче одбиваше да потпише нов договор, а на наредба на
претседателот, стратегот не го пушташе во игра напаѓачот.

Горан Пандев целиот
случај го однесе пред суд, правдата беше на негова страна па доби раскин на
договорот и потпиша со Интер, каде стигна до историската тројна круна и триумф во
Серија А, Купот на Италија и Лигата на шампионите.

„Со нетрпение
чекам да го употребам Пандев
– рече Балардини на денешната средба со новинарите.

„Претходно бев во
ситуација каде беше побарано од мене да не го играм бидејќи тој имаше проблеми
со договорот
.

„Го исполнив
дадениот збор, и покрај тоа што Горан е извонреден фудбалер
.

„Слична беше
ситуацијата и со Ригони. Двајцата се играчи од голема вредност, па среќен сум
што ги имам на располагање
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани