„Каталонците“ ова лето ќе направат големи промени, Луис Енрике си заминува
од кормилото и на негово место треба да пристигне Ернесто Валверде.
Исто така ќе има и реконструкција на тимот, ќе бидат засилени
неколку позиции, поточно одбраната и средниот ред.
Според денешното издание на Спорт, новиот тренер Ернесто Валверде го
идентификувал Андер Ерера од Манчестер јунајтед како идеално засилување.
Репрезентативецот на „Црвената Фурија“ има одлична сезона на Олд Трафорд и
минатата недела беше прогласен за Играч на годината на Манчестер јунајтед.
Ернесто Валверде добро го познава Шпанецот, соработуваше со него во Атлетик
Билбао, и беше еден од неговите најважни играчи.
„Каталонците“ се надеваат дека ќе успеат да го ангажираат Андер Ерера за
пристојна сума со оглед на тоа дека фудбалерот е под договор до 30. јуни 2018.
Манчестер јунајтед сака да го задржи Андер Ерера и се верува дека играчот
на маса веќе има нов договор и плата од 120.000 фунти неделно.