Новиот тренер на Ајнтрахт воведува „рулет со казни“, кој доцни ќе чисти копачки, ќе работи со градинарот…

by bojan
1 минути читање

Алберт Риера оваа недела беше промовиран како нов тренер на Ајнтрахт Франкфурт, стратегот на средбата со новинарите убаво објасни што очекува од фудбалерите и откри дека има „рулет со казни“.

По серијата слаби резултати, Ајнтрахт Франкфурт реши да го промени тренерот и на кормилото го постави Алберт Риера.

43 годишниот Шпанец, кој пристигнува од словенечко Целје, вчера беше промовиран пред новинарите, и тој веднаш порача дека сака ред во соблекувалната.

„Поставив одредени правила, но не поради тоа што сум диктатор или полицаец, не ме интересира ова, јас сум само тренер“ – вели Риера.

„Но мора да има правила, и тие важат за сите. Разговаравме со играчите, се погледнавме во очи и сите го прифатија ова. Тука приказната завршува“.

Тој потоа објасни дека има три правила, прво секој треба да се однесува со почит, второто е дека тренингот треба да се третира исто како натпревар, и како трето, секој треба да се запраша како може да помогне и со топка и без топка.

На прашањето за казни, тој вели: „Имаме рулет, вртите тркало и дознавате која е казната. Покрај паричната глоба, ќе треба и да сработите нешто – да ги исчистите копачките на целиот тим, да поминете еден час со момците од тимот за анализи, или да поминете еден час со градинарот“.

„Доколку некој сака да доцни, не е проблем. Ќе биде удрен по џебот, плус ќе осети каква е работата на другите“.

ФОТО: X/Eintracht Frankfurt

Можно е и ова да ти се допаѓа

×