123
Новиот стадион кој ќе го градат Милан и Интер на местото на постоечкиот „Сан Сиро“ ќе биде најскапиот на светот!
„Росонерите“ и „нераѕурите“ неодамна го откупија постоечкиот стадион и земјиштето околу него, а се очекува за две години да започне изградба на новиот стадион. Повторно клубовите ќе имаат заеднички стадион со капацитет од 71.500 седишта.
Овој стадион ќе ги надмине изградбите на англиските стадиони, бидејќи се проценува да бидат потребни 1,3 милијарди евра. Моментално единствен кој чинел над милијарда евра е „Тотнем Хотспур стадион“ за кој беа потрошени 1,1 милијарди, а на третото место е „Хил Дикинсон“, новиот на Евертон за кој се потрошија 852 милиони евра.