Клубот од Енфилд
сака да го го искористи успехот на терените од последните година дена и да си
обезбеди што е можно побогат спонзорски договор. Њу Баланс и Најк наддаваа кој
да го изработува дресот во иднина, и компанијата од Орегон ја доби битката.
Се верува дека
наскоро Ливерпул ќе соопшти соработка со Најк вредна 70 милиони фунти по сезона,
што е за 50% повеќе од сегашниот договор со Њу Баланс (45 милиони фунти) и
многу блиску до договорот кој Манчестер јунајтед го има со Адидас (75 милиони
фунти).
Но ваквиот дил им
направи проблеми на „црвените“, Њу Баланс го тужи шампионот на Европа.
Компанијата од Бостон верува дека во сегашниот договор има клаузула со која
можат да ја изедначат понудата од ривалска компанија и со тоа да ја продолжат соработката.
„Можеме да
потврдиме дека нашиот доставувач на опрема, Њу Баланс, започна правна постапка
против клубот. Нема да даваме никакви коментари додека трае судскиот спор“ –
изјави кратко портпаролот на Ливерпул.