Талентираниот Мартин Батурина од Динамо Загреб решил да го одбие големиот Реал Мадрид, не му се допаднал предлогот на „кралевите“ да помине две сезони на позајмица во клуб од Ла Лига.
Мартин Батурина важи за еден од најперспективните млади фудбалери, многумина го најавуваат како „новиот Модриќ“ и неговите игри подолго време ги следат скаути на гигантите ширум Европа.
Како што пренесува Скај Германија, Реал Мадрид имал обид да го ангажира 21 годишниот Хрват и му понудиле петгодишен договор.
Сепак, Мартин Батурина решил да ги одбие „кралевите“ и покрај тоа што неговиот сонародник Лука Модриќ притискал за една ваква зделка. На младото момче не му се допаднал еден услов, односно да помине две сезони на позајмица во друг клуб од Ла Лига.
Мартин Батурина сака уште следната сезона да биде важен играч во топ клуб и смета дека Бундеслигата е перфектен чекор.
Се шпекулира дека неговата цена е помеѓу 20 и 25 милиони евра.