Мексико има ново чудо од дете, 16 годишниот Гилберто Мора кој може да постави уникатен рекордот и во период од девет месеци да настапи на три Светски првенства.
По браќата Џовани и Џонатан Дос Сантош, Чичарито и Ирвинг Лозано, Мексико има нов вундеркинд во името на Гилберто Мора.
16 годишното момче веќе е на радарот на гигантите како ПСЖ, Барселона, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и Манчестер Сити и само прашање на време е кога ќе се пресели во Европа.
Но пред да се пресели на стариот континент, Гилберто Мора може да постави уникатен рекорд и во период од девет месеци да настапи на три Светски првенства.
Момчето сега со Мексико настапува на Светското првенство за играчи до 20 години, каде блеска со три гола и две асистенции.
Се говори дека тој потоа ќе настапи на мундијалот за играчи до 17 години во Катар, за следната година да биде и дел од СП 2026, на кое Мексико ќе биде еден од домаќините, заедно со САД и Канада.
ФОТО: X/Mexican National Team