Новиот газда на Палермо: За Несторовски одбив 20 милиони евра од Кина, тој е нашиот симбол

by
1 минути читање

Кинеското лудило
стигна и до „Нестогол“, клуб од Далечниот Исток сакал да го ангажира репрезентативецот
на „Црвено-жолтите“, но Палермо кажал НЕ и одбил 20 милиони евра.

„Продолжуваме да
веруваме во опстанок
”
–
вели новиот претседател Пол Бакаљини. „Тоа е нашата цел за оваа сезона
”.

„Несторовски е
најдобар репрезент на овој победнички менталитет, тој е нашиот симбол, одличен
дечко со позитвен став и тоа може да се забележи и на теренот
”.

„Разговарав со
него, му го презентирав проектот и му го објаснив планот А и планот Б. Тој
верува во опстанок но и во нашиот проект
”.

„Верувам дека
може да биде важен дел од Палермо
”.

Запрашан за да
понуда од Кина, тој додава: „Да, точно е. Одбив 20 милиони евра. Сакавме да
го задржиме целиот тим за да имаме поголеми шанси за опстанок, па одлучивме да не
се разделиме со играч како него
”.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×