Новиот газда на Палермо: Несторовски во Фиорентина е само шпекулација

by
1 минути читање

Репрезентативецот
на „Црвено-жолтите“ е најдобар играч на Палермо оваа сезона и единствена светла
точка во клубот од Сицилија.

Илија Несторовски
веќе има 10 погодоци во својата деби сезона во Серија А, па го привлекува
вниманието на голем број клубови.

Се говори дека
Македонецот е желба на Наполи, Атлетико Мадрид, Севиља, Евертон и Фиорентина.

Некои гласини
дури велат дека „Нестогол“ веќе е продаден на „Виолетовите“, но ова го
демантира новиот газда, Пол Бакаљини.

„Продажба на Несторовски
во Фиорентина е само шпекулација
– вели претседателот на Палермо.

„Апсолутно нема
ништо конкретно во ова
.

„Илија е важен
дел од нашиот состав и веруваме многу во него
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани