Македонија Ѓорче Петров утрово излезе со соопштение по повод ситуацијата на клубот откако објавивме дека фудбалерите од првиот тим штрајкуваат поради задоцнети плати.
Новиот сопственик на Ѓорче Петров иако почнува да води бизнис во Македонија, на јавноста ѝ се обрати на англиски јазик.
Тој го потврди штрајкот на фудбалерите и доцнењето на плати, но негира дека има финансиски проблеми, туку тоа се должи на административните активности поради транзицијата на сопственоста.
Во соопштението тој прилично жестоко ги нападна штрајкувачите.
„Неодамнешните медиумски тврдења дека ФК Македонија ЃП има долгови се целосно невистинити. Клубот ни беше предаден со чиста финансиска состојба, и така ќе остане во иднина под наше раководство. Од преземањето наваму, работиме на стабилизирање на административните и оперативните процеси.
Професионалните клубови го разбираат тоа, а професионалците го почитуваат тоа. Но, намето тоа, сведоци сме на намерен обид да се направи разор во клубот. Група играчи и членови на поранешното спортско раководство избраа да го бојкотираат тренингот со изговор на помали задоцнети плаќања предизвикани од технички постапки за време на транзицијата на сопственоста. Тоа не е професионализам. Тоа е намерен чин за оштетување на клубот во момент на транзиција.
Ниту еден играч или член на стручниот штаб нема право да го држи клубот „во заложништво“ поради привремени административни доцнења. Таквото однесување покажува недостаток на карактер, дисциплина и основна почит кон грбот што тврдат дека го претставуваат. Нивните постапки не оставаат простор за преговори.
Со моментално дејство, сите лица вклучени во оваа намерна дестабилизација се суспендирани до понатамошно известување. ФК Македонија ЃП нема да се води со закани, притисоци или непрофесионално однесување. Ќе продолжиме само со луѓе кои покажуваат сила, лојалност и вистинска посветеност, а не изговори. Клубот влегува во ново поглавје, а тоа поглавје бара интегритет, дисциплина и вистински луѓе кои застануваат кога е најважно. Секој што не може да го исполни тој стандард, едноставно нема место тука“, се вели во соопштението.

