Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус го претстави новиот дрес со кој ќе настапува во натпреварувачката сезона 2025/26, задржувајќи ја традицијата, но и внесувајќи свеж визуелен пристап што веќе ги подели навивачите.
Во соработка со спортскиот бренд „Адидас“, „старата дама“ повторно се потпре на препознатливите црно-бели вертикални линии, симбол на клубот низ децениите. Но, новитетот што привлекува најмногу внимание се розевите детали, од лентите на „Адидас“, па сè до логото на клубот, брендирањето и елементите на шорцевите и чорапите.
Овој дизајнерски избор не е сосема нов за Јувентус, кој и во минатото знаел да експериментира со алтернативни и смели бои, вклучително и розевата, која традиционално се користела како боја за гостински дресови.
Првичните реакции од навивачите се поделени, едни го поздравуваат свежиот изглед и модерниот пристап, додека други сметаат дека е направен чекор премногу далеку од автентичниот изглед на клубот.
Kit on ⚪️⚫️
— JuventusFC (@juventusfc) May 14, 2025
La maglia Home 25/26 nasce per le grandi sfide ⚔️