Минатиот месец
неколку медиуми во Шпанија пренесоа дека Аргентинецот ја одбил понудата на
Барселона за нов договор, која му носела годишна заработка од 30 до 35 милиони
евра.
Актуелниот
договор на Меси со Барселона истекува во јуни 2018. година, преговорите продолжија
и се чини дека пристигнуваат позитивни вести во однос на оваа тема, барем на
радост на фановите на каталонскиот гигант.
„Спорт“ пренесува
дека новиот договор за Меси е веќе подготвен во клупските простории на
Барселона, истиот е разгледан од страна на челниците на клубот детално и се
очекува во следниов период да биде потпишан од страна на Аргентинецот.
Нема детали во
однос на финансиските аспекти на договорот, само се шпекулира дека истиот треба
да биде официјализиран на 15. јули, ќе биде тоа долгогодишна соработка која ќе
биде во важност до 2022. година, кога Меси ќе биде на 35 годишна возраст,
впрочем со ова на некој начин се најавува и можно пензионирање од фудбалот на Аргентинецот во
тимот од „Камп Ноу“.
Датумот е одреден
врз основа на тоа што Меси се наоѓа на одмор заедно со својата сопруга со која
пред извесно време правеше свадба.