Реал Мадрид добро ќе се офајди ова лето и покрај тоа што нема фудбалски натпревари, „кралевите“ добро ќе спечалат од концертите кои ќе се организираат на новиот „Бернабеу“.
Реал Мадрид можеби вложи над 1 милијарда евра за да го реновира „Сантијаго Бернабеу“ и да направи модерен стадион кој ќе биде во функција 365 дена, но се чини дека инвестицијата и тоа како ќе се исплати на долг рок.
И покрај тоа што летово нема фудбал, „кралевите“ добро ќе се офајда и ќе печалат на концертите кои ќе се организираат на „Бернабеу“.
Како што пренесуваат медиумите, Реал Мадрид заработил 18 милиони евра од Карол Џи, популарната пеачка од Колумбија распродаде четири концерти на „Бернабеу“.
Претходно „Бернабеу“ беше распродаден и за настапите на Телјор Сфифт, таа имаше два концерти, па во касата на Реал Мадрид легнаа околу 9 милиони евра.