Новинарот Бруно Порзио објасни зошто не го сместил Винисиус Жуниор ниту во топ 10 во изборот за „Златна топка“, вели дека Бразилецот не бил играч кој ги одлучува натпреварите.
Синоќа беше доделена „Златна топка“ за најдобриот играч во сезоната 2023/24.
Изборот донесе многу полемики и дебати откако Родри стигна до престижната индивидуална награда пред Винисиус Жуниор, кој важеше за прв фаворит.
Еден од оние кои гласеше беше новинарот Бруно Порзио од Ел Салвадор, кој не го смести Винисиус Жуниор ниту во топ 10.
Тој денеска даде објаснување за својот избор и порача дека Бразилецот не бил играч кој ги одлучува натпреварите.
„Не се работи за неговото однесување на терените и фер-плеј игра, тоа не е причината поради која јас не гласав за него“ – вели новинарот.
„Не гласав за него поради тоа што е играч лимитиран на одреден дел од теренот. Тој не е централен во играта на Реал Мадрид. Да, важен играч е, но има многу поважни како Џуд Белингем“.
„Ако го сместев на листата, тоа ќе беше 8-мо, 9-то или 10-то место, но најдобро беше да не го ставам во топ 10. Едноставно тој не е играч кој ги одлучува натпреварите, не прави разлика на теренот“.
„Паметам еден разговор со Ронсеро (новинар од Шпанија кој е голем навивач на Реал Мадрид), и му кажав „ајде убедиме“ и тој почна да дава некои причини и ми спомна дека Вини постигнал гол во финалето на Лигата на шампиони“.
„Како беше името на оној Германецот што постигна гол во финалето на Светското првенство? Марио Геце. Кој го памети Марио Геце?“
Тој исто така нема високо мислење и за Родри смета дека Шпанија, кого го има сместено на 7-мото место. Според гласовите кои ги дал, Џуд Белингем е прв избор, Ерлинг Халанд е втор избор, а Тони Крос е трет избор.