Новинарите се обидоа да ја омаловажат Барса, а Ханси Флик зајадливо одговори: Прашајте го Реал!

by bojan
1 минути читање

Во пресрет на полуфиналето во Копа дел Реј и пресметката помеѓу Атлетико Мадрид и Барселона, новинарите му посочија на Ханси Флик дека „каталонците“ до овој момент за противник немале прволигаш, а стратегот како одговор дада зајадлив коментар.

Барселона во четврток гостува кај Атлетико Мадрид во првиот натпревар во полуфиналето на Копа дел Реј, а на средбата со новинарите, Ханси Флик изненади со одговорот на едно прашање.

Новинар имаше обид да го омаловажи патот на „каталонците“ до полуфинале и посочи дека за противник немале ниту еден прволигаш – играа против Гвадалахара, Расинг и Албасете.

На ова, Германецот само кратко одговори: „Прашајте го Реал Мадрид!“

Ханси Флик со овој зајадлив коментар алудираше на елиминацијата на Реал Мадрид, кој неочекувано загуби токму од Албасете.

Запрашан дали ова е провокација за лутиот ривал, тој порача: „Не, нема ништо такво. Немам никаква корист од ова, ниту пак мојот тим има корист. Само вие можете да имате корист“.

„Мислам дека мојот одговор беше коректен, сметам дека треба да се покаже поголемо почитување за клубовите од втора или трета лига кога тие играат во Копа дел Реј. Тие се прикажуваат во одлично светло, и затоа го кажав тоа што го кажав“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×