Новинарите го ставија Зидан во тесно: Дали погреши што летоска не го продаде Бејл и на негово место да го донесеше Мбапе?

by
1 минути читање

Велшанецот минатото
лето се поврзуваше со заминување од Мадрид, се говореше дека Реал ќе го жртвува
Герет Бејл за да го добие суперталентираниот Килијан Мбапе.

Но ваквите најави
не се реализираа, Герет Бејл остана на Бернабеу, а Мбапе се пресели во ПСЖ.

Сепак, сезоната
не започна најдобро за Велшанецот, тој прикажуваше бледи партии па беше
исвиркуван и од сопствените фанови.

Бејл сега доживеа
нов пех, поради повреда ќе биде надвор од стројот одредено време.

Па медиумите го
запрашаа Зинедин Зидан за дебатата дали е направена грешка што летоска не бил
продаден Бејл и на негово место донесен Мбапе.

„Не им обрнувам
внимание на вакви работи
– одговори политички Французинот. „Не се навраќам во минатото, мислам
само на сегашноста и играчите кои ги имам во моментов.

За состојбата на
Бејл, тој додава: „Секој ден е подобар. Во моментов не може да игра. Не можеме
да кажеме дека ќе се врати за една недела или 10 дена, ситуацијата му ја
мониторираме од ден за ден
.

„Позитивно е тоа
што сака да се врати на терените што поскоро
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×