Новинарите го налутија Флик: Тука сум да зборувам за Барселона!

by Стефан
1 минути читање

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, дипломатски избегна да даде свој коментар за кризата во која се наоѓа Реал Мадрид и за позицијата на нивниот стратег, Чаби Алонсо.

Како што е познато, „кралскиот клуб“ во последно време игра далеку под очекувањата и заостанува четири бода зад водечката Барселона. Шпанските медиуми пишуваат дека Алонсо ќе добие отказ доколку Реал не го совлада Алавес, натпревар што се игра во недела.

Флик прашање за Реал Мадрид доби на денешната прес-конференција пред натпреварот на Барселона за викендот против Осасуна.

„Не сакам да зборувам за Реал Мадрид, туку само за Барселона, затоа сум тука. Дали фудбалот е неправеден кон тренерите или не, не би навлегувал во тоа сега“, рече Германецот и додаде:

„Не сум загрижен за Реал, туку само за нашата ситуација.“

Барса е лидер во Примера со четири бода предност, но Флик вели дека сезоната е далеку од завршена.

„Декември е, има уште многу натпревари пред нас. Среќни сме што сме на врвот, но остануваме фокусирани до самиот крај“, порача Флик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×