Новинарите го налутија Далиќ: Зошто бев во Катар? Нема да ви кажам!

by Стефан
1 минути читање

Неодамна во хрватската јавност се појави информација дека хрватскиот селектор, Златко Далиќ би можел да го напушти кормилото на репрезентацијата и да се пресели во Катар.

Се споменуваше дека Катарците започнале преговори и му понудиле на Далиќ богат договор да ја води нивната репрезентација. Шпекулациите беа подгреани и со посетата на Далиќ во Катар, но како што самиот сега порача од тоа нема ништо.

На прашањето за неговата иднина од хрватските медиуми, Далиќ порача дека неговиот фокус е само настапот во Лигата на Нации.

„Мојот фокус е на Франција со која ќе играме во Лигата на Нации. Сакаме да се пласираме на фајнл-фор турнирот. Зошто бев во Доха тоа е моја приватна работа, немам потреба да ви кажам и нема да коментирам повеќе“, изјави Далиќ.

Ќе потсетиме, Хрватска во четвртфиналето од Лигата на Нации ќе се соочи со Франција на 20-ти март, а реваншот е закажан три дена подоцна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани