Новинарите го изнервираа Роналдо пред дуелот со Македонија: Јас сум главен, точка!

by
2 минути читање

Кристијано
Роналдо се појави пред новинарите во пресрет на утрешниот дуел со Македонија во
баражот за мундијалот во Катар.

Првата ѕвезда на
Португалија беше видно изнервиран кога доби прашање дали Светското првенство кое
ќе се одржи подоцна оваа година може да биде негово последно.

„Гледам дека
многумина од вас го поставуваат истото прашање. Јас сум тој што одлучувам за
сопствената иднина, никој друг. Доколку чувствувам дека можам и сакам да играм
уште, ќе играм. Доколку не можам и не сакам да играм, нема да играм. Јас сум
главен, точка“
  – порача ЦР7.

За дуелот со
Македонија, тој додаде: „И за нас овој меч е меч на животот. Знаеме колку е
важен, притисокот секогаш е присутен. Подговени сме, со нетрпение го чекаме ова
финале“.

„Македонија
заслуж
eно е тука. Се работи
за многу организиран тим. Имаме почит кон противникот, но доколку одиграме на
нашето највиско ниво, можеме да славиме против било кој тим“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани