Новинарите беа упорни, па го налутија Гвардиола: Зарем не бев јасен?

by Стефан
1 минути читање

Во последниот период екипата на Манчестер сити често во медиумите се поврзуваше со напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Омар Мармуш.

На оваа тема на прес-конференцијата прашање доби и Пеп Гвардиола, но шпанскиот стратег не сакаше премногу да открива.

„Не ме прашувајте затоа што нема да ви одговорам. Цел месец ќе ме испрашувате за фудбалерите со кои не поврзуваат, а јас за тоа нема да зборувам. Можете да инсистирате, меѓутоа нема ништо да се промени“, потенцираше Пеп.

И покрај првиот одговор од новинарите, еден од новинарите повторно му постави на Пеп прашање за напаѓачот, а тоа и го налути тренерот на „граѓаните“.

„Слушајте, зарем не бев доволно јасен? Ве молам! Веќе одговорив дека нема да зборувам на такви теми. Не сакам да се повторуам, меѓутоа нема да зборувам за тој дел, исто се случуваше и во минатото“, јасно порача шпанскиот стратег.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани