Новинари го „нападнаа“ Столе поради изјавите враќањето во Шпанија! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Столе Димитриевски повторно е во фокусот на вниманието во Шпанија. Само една седмица по гостувањето во подкастот на Стефан Лазаров, искрените зборови на македонскиот голман предизвикаа немир во Валенсија и отворија тема која сега добива нови димензии.

Неколку влијателни шпански извори објавија дека во клубот не се задоволни од изјавите на Димитриевски и веќе е закажана вонредна средба меѓу него и тренерот Карлос Корберан. Токму таму треба да се расчисти ситуацијата и да се утврди дали Столе ќе биде казнет или ќе мине со опомена. Според Супердепорте, средбата ќе се одржи попладнево, а Корберан ќе побара детално објаснување за кажаното во подкастот.

И додека Валенсија се подготвува за разговор, притисокот пристигна и од шпанските медиуми. Програмата Ел Чирингито започна со својеврсен напад уште вчеравечер, кога нивен новинар го пресретна Димитриевски на аеродромот во Валенсија и настојуваше да изнуди коментар за неговите зборови.

Новинарот го праша Столе дали стои зад својата изјава и дали е свесен за полемиката што ја предизвика, а македонскиот голман одговори кратко и јасно: „Немам што да кажам…

Можно е и ова да ти се допаѓа

×