Новинар од Германија објасни зошто Швајнштајгер беше во немилост кај Мурињо

by
1 минути читање

Бастијан Швајнштајгер стави крај на неславната авантура во Манчестер јунајтед откако денеска соопшти дека се сели во САД, во редовите на Чикаго Фајр.

Пред почетокот на сезоната, Жозе Мурињо му соопшти на Германецот дека не смета на неговите услуги и дури го испрати да тренира со резервниот тим.

Со напорна работа, Швајни го убеди Португалецот во декември да го врати во првиот тим, но и тогаш имаше само епизодна улога и поголемиот дел од средбите ги проследи од трибините.

Фудбалскиот експерт, Рафаел Хонигштајн во разговор со БиБиСи радио сега објасни зошто фудбалерот бил во немилост кај Жозе Мурињо.

„Не сум изненаден што Швајни си оди, изненаден сум што му требаше толку многу време да си замине” – вели германскиот новинар.

„Одлуката на Мурињо да не смета беше лична. Мислам дека повеќе беше насочена кон Луј ван Гал, а не кон Швајнштајгер”.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани