Нови три бода за Силекс, лесна победа над Македонија Ѓорче Петров

by riste
1 минути читање

Силекс во Кратово со убедливи 3-0 ја совлада екипата на Македонија Ѓорче Петров која на друг терен ќе го бара првиот бод во новата сезона.

Македонија Ѓорче Петров во Кратово отпатува по порази од Шкендија и Шкупи, но и на гостувањето кај Силекс не се случи нешто поинакво.

Кратовскиот тим лесно со 3-0 дојде до победата за максимални девет бода по првите три кола од кој една победа беше службена против Шкупи.

Резултатот беше отворен во 22. минута кога по асистенција од Алиќ, Мигуел Переш даде гол за водство на Силекс од 1-0. Со тој резултат заврши првото полувреме.

По три минути игра во второто полувреме Мирчевски даде гол и ја зголеми предноста на Силекс на 2-0.

Конечните 3-0 ги постави Матевски во самиот финиш од натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×