Нови проблеми за Солшер, се врати Погба, но се повреди МекТоминеј

by
1 минути читање

Во Манчестер
јунајтед постои одредена загриженост поради повредата на Скот МекТоминеј на
денешната пресметка против Њукасл која „Црвените ѓаволи“ пред своја публика ја
добија убедливо со 4-1.

МекТоминеј беше
инволвиран во дуел со фудбалерот од средниот ред на Њукасл, Мети Лонгстаф во
почетната фаза од пресметката на „Олд Трафорд“, практично самиот се повреди во
таа ситуација, но продолжи со настапот до паузата.

Веднаш на
полувремето Солшер го повлече од игра и го внесе на теренот Погба кој се врати
од повредата по подолга пауза уште претходното коло, а норвешкиот фудбалски
стратег по мечот ја коментираше повредата на МекТоминеј.

Има проблеми со
лигаментите на коленото, веројатно, барем така изгледа првично, немам детални
информации, рано е за такво нешто, ќе видиме откако ќе имаме точна слика за
повредата. Момчето има големо срце, најголемо од сите, играше се
до крајот на полувремето, мислам дека утре
точно ќе знаеме што со него
“ изјави Солшер по мечот.

Манчестер
јунајтед идното коло кое се игра викендот гостува кај Барнли, а на тоа
гостување веројатно е дека МекТоминеј нема да биде во комбинација за настап,
тој инаку беше забележан на патерици по пресметката со Њукасл.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×