Нови проблеми за Марадона во Мадрид, повикана полицијата поради сомнеж дека физички ја нападнал девојката

by
1 минути читање

Нови проблеми за
легендата на Аргентина во Мадрид, утрово полиција и медицински лица се
појавиле во хотелот каде престојува Диего Морадона откако вработени пријавиле можно
насилство во собота во која престојува тој заедно со двеојката Росио Олива.

Извештаите на медиумите велат дека Росио Олива се јавила на рецепција и пријавила дека Диего Марадона ја удрил.

Кога пристигнале
на сценената, докторите утврдиле дека ниту Диего Марадона ниту пак неговата
девојка имале повреди, па си заминале.

Полицијата потоа
разговарала со двајцата, а откако девојката не поднела жалба, и тие за кратко
време го напуштиле хотелот.

Диего Марадона оваа недела
пристигна во главниот град на Шпанија на покана на Наполи за дуелот против Реал
Мадрид во Лигата на Шампионите.

Тој вчера веќе
беше во центарот на медиумското внимание откако имаше конфротација со еден
новинар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани