Нови проблеми за Интер: Со оглед на тоа што се случи изминатиов период, како и вчера…

by
2 минути читање

Лучано Спалети
потврди дека Мауро Икарди и Лаутаро Мартинез се вон комбинација за дерби
пресметката со Лацио која е предвидена да се одигра утревечер на терен на
Нероаѕурите.

Икарди се врати
на тренинзите оваа седмица за прв пат по цели шест седмици, тој не беше на
располагање на тимот од Милано откако му беше одземена капитентската лента на
13 февруари, а истата предадена на Хандановиќ.

Со Лаутаро како
повреден, очекувањата беа Икарди да почне од првата минута против Лацио, но до
тоа нема да дојде, за што потврди шефот на стручниот штаб на Нероаѕурите, кој
не ги наведе причините за таквата негова одлука.

Во некој поглед,
ова беше како да имаме нов фудбалер, бидејќи тој не беше со нас подолг период,
тренираше со нас и на некој начин потребно е да го вратиме на тренажниот
процес, со оглед на тоа што се случи претходно, вклучително и вчера, јас
проценив дека тој се уште не е подготвен да им помогне на своите соиграчи во
овој натпревар, токму затоа нема да биде во комбинација за настап
“ посочи
Спалети, не откривајќи ја директно причината.

Аргентинскиот
напаѓач се жалеше дека е повреден во периодот кога не беше достапен за
клупските обврски, а лекарскиот тим утврди дека не станува збор за никаква
повреда, а веројатно вчера се случило нешто на тренингот на Интер, за што
Спалети не сакаше да посочи.

Едноставно морам
да размислам за се
што се
случи претходниот период, до вчера, тој тренираше со нас цела седмица, нешто се
случи вчера и јас морам тоа да го оценам, тренинг сесиите се од големо значење,
за следните натпревари, ќе видиме што ќе се случи
“ додаде италијанскиот
фудбалски стратег.

На табелата во
Серија А Интер кој се наоѓа на третото место има 53 бода, а дуелот со Лацио (45)
е од исклучително значење во битката за топ четири во најсилниот италијански
фудбалски шампионат, односно место во Лигата на шампионите за идната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×