Барселона ова
лето доживеа фијаско на трансфер пазарот, најпрво го загуби Нејмар, а потоа не
ги донесе засилувањата кои ги посакуваше.
Борусија Дортмунд
ги натера да платат неверојатни 147 милиони евра за Осман Дембеле, а Ливерпул
не сакаше да слушне за продажба на Филипе Кутињо. ПСЖ исто така одби да го
продаде Анхел Ди Марија, а пропаднаа и преговорите за Жан Мишел Сери од Ница.
Утрово се
појавија информации дека и Лео Меси би можел да замине, наводно Аргентинецот се
предомислил и нема да го потпише договорот за кој си подаде рака со лидерите на
клубот пред неколку недели.
На проблемите им
нема крај откако попладнево контроверзниот агент Мино Рајола беше уловен во друштво
со таткото на еден од најталентираните играчи во „Ла Масија“.
Се работи за 13
годишниот Чави Симонс, кој важи за голем талент и многумина го сметаат како
следната голема ѕвезда од школата на „Каталонците“.
Во моментов, за
кариерата на Чави Симонс се грижи неговиот татко, но тоа може да се промени. Денеска
У15 тимот на Барселона играл пријателски натпревар во Сиутат Еспортива, а
таткото на играчот заминал во ист автомобил со контроверзниот агент.
Едно е јасно, доколку Мино Рајола го земе под
закрила Чави Симонс, само прашање на е време е кога младиот фудбалер ќе
ја промени средината.