„Јутјуб“ каналот
познат како „Арсенал Фан ТВ“ има милиони следбеници, важи за доста влијателен
медиум кој постојано преку анкети кај навивачите го сублимира нивното мислење
за повеќе теми во клубот.
Ќе потсетиме дека
еден период тој канал наиде на жестоки реакции кај дел од фудбалерите на тимот
од Лондон поради зачестените критики од страна на навивачите кои не се штедеа
на критиките кон нив.
Токму поврзаноста
на Обамејанг со тој „Јутјуб“ канал, како што известува „Д Атлетик“ носи не баш
пријатна атмосфера во соблекувалната на Арсенал, а таа негова конекција наводно
ги иритира соиграчите на напаѓачот на „Топчиите“.
Обамејанг е доста
популарен помеѓу навивачите на Арсенал, досега постигна 50 погодоци по неговиот
трансфер ланскиот јануари, а токму тој е прв избор кај Унаи Емери, конкуренција
за капитенската лента има во Ектор Бељерин, Александре Лаказет и Месут Озил.
Не е тајна дека
на напаѓачот често му се допаѓаат објавите на „Арсенал Фан ТВ“, а тој не се ни
труди да го сокрие тоа, па во јуни медиумите регистрираа „лајк“ од страна на
Габонецот на една објава каде се критикува работата на Емери, како и онаа
објава во септември каде се шпекулираше дека Џака ќе биде продаден.