Нови обвинувања: Меси избрка седум селектори, треба тој да ја напушти репрезентацијата

by
1 минути читање

Аргентински новинари и фудбалски стручњаци од оваа земја велат дека Меси е тој кој го прави списокот на фудбалери, дека тоа е репрезентација во која играат неговите пријатели, а не најдобрите играчи на Аргентина.

Кон овие критики се приклучи и Рикардо Ломбарди, тренерот на Тигре.

„Меси избрка седум селектори. Дури мислам дека и намерно игра лошо за Сампаоли да си оди. Мислам дека тој треба да биде избркан, а не селекторот. Меси не игра така како што ќе му каже селекторот. Сака да биде опкружен со фудбалери кои му се допаѓаат, а не со најдобрите“, вели Ломбарди.

Се пишува дека Меси е причината што Икарди не е во репрезентацијата и што Дибала ретко добива шанса иако беше еден од најдобрите во Јувентус.

Аргентина вечерва игра со Нигерија, а Меси со добро издание може да ги демантира критичарите и да покаже дека тој не е проблемот за лошите резултати, напротив тој може да биде спасителот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани