Нови обиди на Манчестер јунајтед да го ангажира Белоти, Торино одби богата понуда

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед
испрати понуда до Торино вредна 70 милиони евра во обидот да го ангажира
напаѓачот Андреа Белоти.

Сепак, од Торино
информираат дека нивниот 23 годишен фудбалер вреди повеќе од 70 милиони евра,
познато е дека неуспешни обиди за ангажман на Белоти имаа истовремено и Арсенал
и Челси, додека пак Милан извиси и во ситуација кога нудеше 50 милиони евра, вклучувајќи додатно и тројца фудбалери од тимот.

Познато е дека
Белоти има откупна клаузула во договорот со Торино од 100 милиони евра, но
истата важи за клубовите надвор од Италија.

Вреди да се
напомене дека Белоти е навивач на Милан, додека пак идол му е легендарниот
напаѓач на тој клуб, Украинецот Андриј Шевченко.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани